Дома Фудбал Репрезентации Ирак после девет години одигра натпревар во Багдад, згрмеа 30.000 навивачи 🎥

Ирак после девет години одигра натпревар во Багдад, згрмеа 30.000 навивачи 🎥

Фудбалската репрезентација на Ирак после девет години одигра натпревар во главниот град Багдад.

Ова беше голем ден за љубителите на фудбалот во Ирак. Кога започна интонирањето на химната трибините згрмеа, а навивачите на крајот задоволни си заминаа дома. Пред 30.000 гчедачи на „Ал-Мадин“ стадионот Ирак ја пречека селекцијата на Уганда и славеше со 1:0.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Стадионот „експлодираше“ во 17. минута од натпреварот. Ала Абас со спектакуларни ножички погоди за водство од 1:0. Тој гол се покажа како единствен и решавчки. Најважно за Ирак сепак е што конечно одигра домашен натпревар во главниот град.

Сцените од трибините доволно зборуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Атлетико повторно ѝ украде играч на Барса без пари, а воедно заштеди 32 милиони евра

Фудбалските клубови Барселона и Атлетико Мадрид ја потврдија трансакцијата на Клеман Ленгл…