Дома Видео Хаос на прес-конференцијата на Ирак: Обезбедувањето го спасуваше селекторот 🎥

Хаос на прес-конференцијата на Ирак: Обезбедувањето го спасуваше селекторот 🎥

Селекцијата на Ирак до 95-тата минута водеше со 2:1 против Јордан, но потоа во две минути прими два гола и беше елиминирана.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако Ирак одигра одлична групна фаза, дури ја победи и Јапонија по поразот од Јордан селекторот Жесус Касас се најде на жесток удар на домашните медиуми.

Новинарите освен што го критикуваа шпанскиот стратег дури имаа и обид физички да се пресметаат на прес-конференцијата. Во прес-салата новинарите изразија незадоволство тврдејќи дека селекторот повеќе мислел на интервјуата за шпанските медиуми отколку за осминафиналето

„Ниту еден селектор од репрезентацииите кои играа осминафинале не дава интервјуа пред натпреварите. Како може вас тоа да ви паѓа на памет?“, викаа ирачките новинари кои и му се приближуваа на селекторот.

На крајот тие ја напуштија просторијата, а Касас пред малиот број странски новинари објасни дека неговите интервјуа не влијаеле на играта на репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

ПСЖ закажа финале со Арсенал! (Видео)

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе играат во финалето на Лигата на шампионите и ќе ја брана…