Дома Фудбал Репрезентации Инфантино: Кога се одлучи да се игра СП на четири години само 40 земји играа фудбал

Инфантино: Кога се одлучи да се игра СП на четири години само 40 земји играа фудбал

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфатино е убеден дека нема да има проблеми со организацијата на Светското првенство на секои две години.

Идејата за Светското првенство на две години е актуелна веќе некое време, меѓутоа дојдоа и голем број критики. Меѓутоа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино тврди дека играчите ќе бидат заштитени.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


„Не побарав лично јас Светско првенство на две години. Тоа беше барање на Конгресот после физибилити студија. Студијата беше серизона, се испита се. Од спортски аспект функционира се, а економските перформанси се позитивни за сите“.

„Фактите мора да бидат јасни. 88% од земјите побараа студија. Ние направивме многу сериозна студија која покажува дека нема да има проблеми, ќе се намалат репрезентативните натпревари, ќе бидат помалку, но поважни“.

„Кога беше одлучено СП да се игра на четири годино пред 100 години, 40 земји во светот играа фудбал. Денес има повеќе од 200 и тоа мора да се земе во предвид“, изјави Инфантино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Аморим веќе размислува на преодниот рок, има две желби кои вредат 100 милиони евра!

Во Манчестер јунајтед постојано имаат идеи и амбиции, но изминативе десетина години не усп…