Според пишувањата на англиските и италијанските медиуми готово сигурно летово ќе го добиема најскапиот фудбалер од Балканот, а тоа е крватскиот репрезентативец Иван Перишиќ.
За Перишиќ заинтересирани се неколку европски гиганти, а најсилен интерес покажуваат премиерлигашите Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул кои се спреми да ја платат сумата која ја бара Интер.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Имено, италијанските медиуми денес потврдија дека „нероаѕурите“ ќе се согласат на негова продажба, но не са сума помала од 60 милиони евра.
Директорот на Интер, Аусилио потврди дека миланскиот клуб нема да го слуша понудите за Перишиќ, но медиумите тврдат дека клубот ќе започне преговори доколку пристигне понуда од 60 милиони евра.
„Во моментов тоа се само шпекулации. Перишиќ е многу важен фудбалер за нас и нема да разгледуваме никакви понуди. Сакаме да ги задржиме сите најдобри фудбалери“, изјави Аусилио.