Интер е во потрага по нов голман откако го продаде Андре Онана во Манчестер Јунајтед, а најново име на списокот е Давид де Геа.
Прва мета на „нероаѕурите“ беше Јан Зомер од Баерн Минхен, но Баварците бараат 8 милиони евра за неговата слобода, сума која Интер не сака да ја плати.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Поради тоа сега миланскиот гигант се врти кон Де Геа, кој е слободен агент отако му заврши договорот со Манчестер Јунајтед.
Иако се шпекулираше дека ќе оди во Саудиска Арабија, сепак Шпанецот сака да остане во Европа и е спремен да слушне понуда од Интер.