Дома Топ вести Интер тргнува по две „заборавени“ ѕвезди од Реал

Интер тргнува по две „заборавени“ ѕвезди од Реал

Интер е силно заинтересиран за напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, пренесуваат италијанските медиуми.

Јовиќ е во втор план во Реал Мадрид и е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а Интер сака да ја искористи таквата ситуација.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Реал е спремен да го продаде Јовиќ, а Интер сака да ја засили конкуренцијата во нападот, па се очекува наскоро да започнат преговори.

„Нероаѕурите“ сакаат да се ослободат од Санчез, а прва желба на тренерот Инзаги е токму српскиот напаѓач.

Интер наскоро ќе стапи во контакт со Реал Мадрид, а покрај Јовиќ покажува интерес и за Дани Себаљос, кој исто така е на излезна врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…