Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ и Интер после интензивни преговори постигнале договор за трансферот на Икарди и се чека само официјална потврда.
Како што е познато ПСЖ во договорот има опција да го откупи Икарди за 70 милиони евра, но не беше спремен да ја плати таа сума.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Наместо да ја активираат откупната клаузула ПСЖ започна преговори со Интер и испратил понуда од 50 милиони евра плус 8 милиони во форма на бонуси.
Интер ја прифати таа понуда, но во договорот ставил специјална клаузула за следната продажба на Аргентинецот.
Имено, доколку ПСЖ во иднина го продаде Икарди на друг италијански клуб, Интер ќе добие додатни 15 милиони евра.