Првата година од владеењето на „Сунинг“ во Интер заврши разочарувачки, па кинеските сопственици спремаат револуција на лето и веќе одредија огромен буџет за засилувања.
Иако кинеските сопственици потрошија многу пари за засилувања изминатата година, сепак тимот не ги оправда очекувањата, односно пласман во Лигата на шампиони за следната сезона.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Цехот ќе го плати тренерот Стефано Пиоли, кој нема да остане на кормилото следната сезона, а „Газета дело Спорт“ тврди дека Интер спремил буџет од 50 милиони евра за нов тренер.
Имено, првата желба е Диего Симеоне до кого „нероаѕурите“ испратиле нова понуда од 50 милиони евра за 5 сезони. Платата од десет милиони евра по сезона е двојно повисока од онаа што „Чоло“ ја има во Атлетико, а на Аргентинецот би му биле обезбедени и над 100 милиони евра за доведување на нови фудбалери во летниот преоден рок.
Доколку Аргентинецот се одлучи да остане во Атлетико, тогаш како алтернатива на списокот на „нероаѕурите“ се наоѓаат Лучијано Спалети и Леонардо Жардим.