Интер покажа зошто е еден од главните кандидати за титулата и до врв ја наполни мрежата на Беневенто. Удинеза поразен на домашен терен од Специја.
„Нероаѕурите“ поведоа после само 30 секунди игра и тоа после една одлична акција. Само што тргнаа од центар, Коларов испрати долга топка до Хакими, кој го најде Лукаку во казнетиот простор, а овој го постигна еден од најбрзите голови во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неколку минути подоцна Гаглиардини зголеми на 2:0, а веднаш потоа Лукаку погоди по втор пат. Потоа Беневенто намали на 3:1, а Хакими со својот првенец покажа дека ќе биде одлично засилување и погоди за 4:1.
Во вториот дел Лаутаро Мартинез влезе од клупата и постигна уште еден прекрасен гол, а конечните 2:5 ги постави Kaпрари.
Удинезе на домашен терен беше шокиран од новолигашот Специја со 0:2. Несторовски влезе во игра во 64-та минута, но не успеа да го спаси тимот од пораз.