„Нероаѕурите“ спремиле интересна листа на играчи, а иако многу од нив изгледаат како нереални мети Бепе Марота не навикна на големи зделки.
Интер сосема сигурно ќе направи големи промени ова лето, ќе биде тоа прв преоден рок во кој Бепе Марота ќе го води главниот збор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во клубот според некои информации би требало да пристигне и Антонио Конте, Спалети повеќе никој не очекува и многу се пишува за неговиот наследник.
Преодниот рок на Интер многу ќе зависи од тоа дали Икарди ќе остане во клубот, ако замине тогаш сумата за засилувања сигурно ќе биде голема.
Во вториот случај на мета ќе биде Лукаку, но и Виктор Мозес кој наводно е желба на Конте.
Конте исто така би сакал одново да соработува со Вилијан, додека минатата зима се пишуваше за интересот на Хуан Мата на кого ова лето му истекува договорот со Манчестер Јунајтед.
Во Италија се споменуваат и имиња како Герет Бејл и Фелипе Кутињо, но тие изгледаат како невозможна мисија, а тука е и името на Алексис Санчез од кој Манечстер Јунајтед се обидува на сите начини да се ослободи.
Во стоперската линија не би требало да има поголеми промени, иако управата размислува за Жером Боатенг кој не се наигра во Баерн Минхен оваа сезона.
Со Интер се поврзува и братот на Жером, Кевин Принс Боатенг кој во овој момент како позајмен играч од Сасуоло го носи дресот на Барселона.
Останува да го почекаме летниот преоден рок и да видиме што ќе се случува.