Дома Фудбал Италија Интер се огласи: Позната судбината на Спалети

Интер се огласи: Позната судбината на Спалети

Минатиот викенд фудбалерите на Интер доживеаа шокантен пораз од Болоња на домашен терен, па сега под знак прашалник им е ставено и третото место на табелата.

После тој пораз и елиминацијата од Купот почнаа жестоки критики за тренерот Спалети, а медиумите во Италија тврдеа дека е пред отказ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Поради тоа се огласи генералниот директор на „нероаѕурите“ Бепе Марота и потврди дека Спалети сигурно останува на кормилото на тимот.

„Имаше состанок после мечот со Болоња, но тоа е нешто нормално што го правиме после секој меч. Знаеме дека поминуваме низ тежок период и дека навивачте се разочарани, но позицијата на Спалети е сигурна“, изјави Марота.

„Нашата цел е да се пласираме во Лигата на шампиони, а моментално сме на третата позиција. Имаме простор за напредок, силен тим и одличен тренер. Убедени сме дека Спалети знае да ја преброди кризата“, додаде Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Винисиус има долго помнење: Камерите го фатија моментот кој Симеоне никогаш нема да му го прости (Видео)

Винисиус Жуниор со два гола му ја донесе победата на Реал Мадрид против градскиот ривал Ат…