Дома Фудбал Лига на шампиони Интер предупреден пред гостувањето на „Вембли“: Теренот е како нива со компири

Интер предупреден пред гостувањето на „Вембли“: Теренот е како нива со компири

Италијанецот не штедеше критики на сметка на најголемиот стадион во Англија.

Интер го продолжува својот поход во Лигата на шампионите, а следна пречка ќе биде тимот на Тотенхем.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Нероаѕурите“ утре ќе го играат натпреварот на гостински терен и во пресрет на гостувањето на „Вембли“ добија предупредување од поранешниот голман на „петлите“, Карло Кудичини.

„Интер мора да внимава на агресивноста и на брзите контри, Тотенхем е убиствен во такви ситуации го покажаа тоа и против Челзи“.

„Играчите на Интер мораат да бидат спремни за тежок ритам од првата минута, состојбата на „Вембли“ е нешто подобра, но и понатаму е како нива со компири. Не е лесно да се игра на таков терен“, смета легендарниот Италијанец кој најголем дел од својата кариера помина во редовите на Челзи.

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Интер се игра утре со почеток во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Симеоне за првпат се огласи по хаосот на „Енфилд“ во кој ќе се степааше со навивачите

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, изрази жалење поради инцидентот со навивачите …