Раководството на Интер започнало преговори си Едисон Кавани, тврдат италијанските медиуми.
Интер е во потрага по уште еден напаѓач кој ќе биде алтернатива за Лукаку и Лаутаро, а најголема желба на Конте е токму Едисон Кавани.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Уругваецот е слободен агент откако му заврши договорот со ПСЖ и е на мета на неколку европски клубови.
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио имал средба со агентите на Кавани и се запознал со условите кои Уругваецот ги бара за да го облезе „црно-синиот“ дрес.
Тешко дека ќе дојде до договор меѓу двете страни бидејќи Кавани бара двегодишен договор и 10 милиони евра по сезона, сума која Интер не е спремен да му ја понуди.
Mercato Inter: nelle scorse settimane contatti per Cavani e Llorente – https://t.co/i6aB4ZfmQa pic.twitter.com/t5UcxeOGAf
— JuventusNews24.com (@junews24com) September 15, 2020