Лука Јовиќ би можел да го напушти Реал Мадрид до крајот на преодниот рок и да се пресели во Серија А.
Се поврзуваше Јовиќ со неколку клубови, а сега „Кориере дело Спорт“ тврди дека Србинот му бил понуден на Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ после заминувањето на Лукаку го доведоа Џеко, но се во потрага по уште еден напаѓач, а Јовиќ е идеален профил.
Интер наводно почнал преговори со Реал Мадрид за едногодишна позајмица на напаѓачот со право на откуп следното лето.
Србинот во Реал пристигна во 2019 година од Ајнтрахт за 60 милиони евра, но не ги оправда очекувањата, па јасно е дека ќе добива мала минутажа во Мадрид.
"L'#Inter tratta con il #RealMadrid per #Jovic" https://t.co/AxuPxY7lbg
— Corriere dello Sport (@CorSport) August 16, 2021