Дома Фудбал Италија Интер потврди: Ериксен останува, Џеко не доаѓа

Интер потврди: Ериксен останува, Џеко не доаѓа

Трампата помеѓу Интер и Рома која ги вклучуваше Един Џеко и Алекс Санчез, нема да се реализира, потврди директорот на „нероаѕурите“, Бепе Марота.

Џеко беше во трансферните планови на Интер уште во летото, па клубот се обиде да го донесе после расправијата на Босанецот со тренерот Фонсека, но договор не беше постигнат.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Исто така, Кристиан Ериксен,кој се сметаше дека сигурно ќе го напушти клубот, сепак останува во Интер.

„Пазарот на Интер е завршен. Размена Џеко – Санчез нема да има, не ни влеговме во сериозни преговори за таа трампа. Ние не можиме да си дозволиме да трошиме пари во овој преоден рок. Ериксен сигурно останува во Интер“, изјави Марота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хаос во Аталанта: Тренерот ќе се степаше со првата ѕвезда на тимот среде натпревар! (Видео)

Фудбалерите на Аталанта синоќа се радуваа на победа во рамките на 4. коло од групната фаза…