Милански Интер сериозно се приклучи во трката за фудбалерот на Пари Сент Жермен, Марко Верати и е спремен да понуди 65 милиони евра, пренесуваат француските медиуми.
Фрнацуски „Паризиен“ открива дека раководството на Интер стапило во контакт со менаџерот на Верати и му понидиле четиригодишен договор со годишна плата од 6 милиони евра.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Неодамна агентот на плејмејкерот, Донато ди Кампли јавно истакна дека Верати е спремен да си замине од ПСЖ доколку медиумите не престанат да го критикуваат, а тоа беше аларм за многу клубови ширум Европа.
Сепак, „нероаѕурите“ тешко ќе се изборат со конкуренцијата бидејќи за Верати се силно заинтересирани најголемите и најбогатите клубови во Европа меѓу кои Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Барселона и Челзи.
Притоа, Интер не е единствениот италијански клуб кој сака да го врати Верати во Италија, тука се уште Милан и Јувентус кои исто така се спремни да платат сериозна сума за неговиот потпис.
Во секој случај, Интер е силно заинтересиран за Верати и веќе работи на трансферот, а медиумите тврдат дека е спремен да ги продаде Кондогбија и Брозовиќ, па со тие пари да го финансира транферот на италијанскиот плејмејкер.