Дома Фудбал Италија Интер повторно победи и го допре Скудетото🎥

Интер повторно победи и го допре Скудетото🎥

Интер ја продолжи серијата победи попладнево против Каљари и е се поблиску до освојување на Скудетото.

„Нероаѕурите“ потешко од очекуваното стигнаа до трите бода со голот на Дармијан во финишот на мечот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тимот на Конте беше анемичен во првото полувреме и не создаде голема шанса за гол.

Слично беше и во вториот дел, кога видовме само неколку спорадични напади, без зрела шанса.

Моментот на одлука се случи во 76-та минута кога Дармијан го постигна единствениот гол за голема победа на Интер.

Интер ја задржа предноста од 11 бода пред Милан на 8 кола пред крајот, па е се поблиску до титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

За спектакуларната кореографија против Лил Звезда заработи казна!

Европската фудбалска федерација донесе одлука за казнување на Црвена ѕвезда поради случува…