Со доаѓањето на Бепе Марота на директорското место во Интер, многумина веруваат дека директорот ќе го донесе и победничкиот рецепт од Јувентус.
Марота е познат по тоа што знае да донесе големи засилувања за малку пари, па италијанските медиуми тврдат дека „му фрлил око“ на Арон Рамзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рамзи на кракот на сезоната ќе го напушти Арсенал како слободен агент, а медиумите тврдат дека Марота веќе стапил во контакт со неговите агенти.
Наводно Интер е спремен да му понуди 4-годишен договор тежок 6 милиони евра по сезона, но ќе треба да се избори со големата конкуренција.
Лучијано Спалети смета дека 27-годишниот Велшанец ќе биде идеално засилување за „нероаѕурите“, а Марота веќе работи на трансферот.