Дома Топ вести Интер не се шегува: Спреми 60 милиони за Видал

Интер не се шегува: Спреми 60 милиони за Видал

Медиумите во Чиле лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека милански Интер е решен во намерата да го врати Артуро Видал во Италија.

Имено, „нероаѕурите“ се во потрага по врвен играч за врска, а поради потешкотиите да стигнат до потписот на Наинголан, сега се насочиле кон Артуро Видал од Баерн Минхен.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Како што пренесуваат чилеанските медиуми, кои се секогаш добро информирани кога станува збор за нивни фудбалери, „нероаѕурите“ се спремни да понудат 60 милиони евра за потписот на Чилеанецот.

Притоа, Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент и му понудиле 4-годишен договор според кој ќе заработува 8 милиони евра по сезона и ќе биде најплатен фудбалер во Серија А.

Видал со успех играше во Италија во дресот на Јувентус, па останува да видиме дали е спремен да се врати во Серија А, а исто така и дали Баерн е расположен да се раздели со еден од најдобрите свои фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…