Дома Фудбал Англија Интер не крева раце до последен момент: Нова понуда на адреса на Арсенал

Интер не крева раце до последен момент: Нова понуда на адреса на Арсенал

Екипата од „Џузепе Меаца“ го продаде Џејсон Мури во Валенсија и сега е во потрага по неговата замена.

Апетитите на екипата пораснаа откако славеа во воведните две кола од Серија А против Фиорентина и Рома, па сега управата смета дека треба да донесе конкуренција.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Изборот падна на стоперот на Арсенал, Шкодран Мустафи.

Германецот одигра само еден меч оваа сезона, го немаше во тимот за мечот од третото коло со Ливерпул, кој „Топчиите“ го загубија со четири погодоци во својата мрежа.

Сега пристигна и понуда на адреса на тимот од Лондон, Интер се служи со старата метода, позајмица па потоа откуп.

Планираат да платат околу пет милиони евра на име на позајмица, а потоа и 25 милиони евра на име на трансфер следното лето.

Сепак, се верува дека Арсенал не сака да се откаже од еден од своите најдобри дефанзивци во финишот на преодниот рок, па се очекува „Топчиите“ и оваа понуда да ја одбијат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Винисиус „распали“ по судиите по мечот против Алавес (Видео)

Винисиус Жуниор повторно се најде во центарот на вниманието по контроверзниот момент на на…