Дома Фудбал Италија Интер најави супер сезона: „Покер“ за Лече со два еврогола! (ВИДЕО)

Интер најави супер сезона: „Покер“ за Лече со два еврогола! (ВИДЕО)

Денес Интер ја отвори сезоната и тоа го направи на одличен начин.

„Нероаѕурите“ денес славеа убедлива победа против Лече со 4:0. Секако Лече можеби не е мерило за тоа дали Интер може да биде сериозен конкурент за Скудетото, но играта која ја прикажа тимот предводен од Конте секако дека најавува такво нешто.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Интер рано во 21-та минута поведе со 1:0 преку Брозовиќ кој погоди со мајсторски удар, а само четири минути подоцна засилувањето Сенси зголеми на 2:0.

До крајот на првиот дел видовме уште некоја шанса, меѓутоа резултатот не се промени.

Во второто полувреме видовме уште два гола, а навивачите на Интер може посебно да ги радува што еден од нив беше дело на Ромелу Лукаку. Конечните 4:0 ги постави Кандрева со еврогол од далечина.

Во следното коло Интер ќе игра на гостински терен против Каљари, додека Лече ќе ја пречека Верона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА ја смени датата кога Шпанија и Аргентина ќе играат за трофејот “Финалисима”

Меѓународната федерација за фудбал, ФИФА, донесе одлука да ја промени првично планираната …