Дома Трансфер зона Интер Мајами не запира: Ќе доведе уште еден екс-соиграч на Меси?!

Интер Мајами не запира: Ќе доведе уште еден екс-соиграч на Меси?!

Како што изгледа, Мајами не запира и сака да доведе уште еден поранешен играч на Барселона во своите редови.

Откако го доведе Лионел Меси, МЛС тимот се засили и со Серхио Бускетс, Жорди Алба и Луис Суарез, а сега би можел да пристигне уште еден екс-соиграч на Аргентинецот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Според последните информации од Шпанија и САД, Интер Мајами се интересира да го доведе Бразилецот Фелипе Кутињо кој во овој момент настапува во катарскиот Ал Духаил, но не му оди како што очекуваше.

Кутињо наводно сака да си замине. Бразилецот е под договор со Астон Вила кој исто така сигурно нема да прави проблем да се ослободи од неговата плата. Покрај Интер Мајами, интерес за Кутињо покажале уште Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…