Дома Трансфер зона Интер и Јувентус ја започнаа битката за Ван де Бек

Интер и Јувентус ја започнаа битката за Ван де Бек

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и Интер се сериозно заинтересирани за играчот на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек.

Холанѓанецот минатото лето пристигна на „Олд Трафорд“, но не успеа да го покаже својот потенцијал во првата сезона и често ја грееше клупата за резерви.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако силно се шпекулираше дека ќе го напушти клубот ова лето, сепак Ван де Бек одлучи да остане и да се бори за место во тимот.

Меѓутоа, неговиот агент потврди дека Холанѓанецот е спремен да ја промени средината во јануари, а покрај италијанските клубови интерес покажува и Евертон.

Јувентус и Интер ќе се обидат да ја искористат ситуацијата и сакаат да го донесат играчот на позајмица со право на откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…