Младито Бразилец Габриел Бербоса, познат како Габигол, следните година дена ќе ги помине во Лисабон, бидејќи е позајмен од Интер во Бенфика.
Младиот Бразилец, на кого се предвидуваше голема иднина, доведен беше во Милано од Сантос за 30 милиони евра минатото лето. Меѓутоа, на „Меаца“ не успеа да покаже ниту дел од неговиот талент, па сино-црните одлучија да го позајмат, бидејќи Спалети не смета на него. А и важен фактор е неговата годишна плата од два и пол милиони евра, што во овој момент претставува голем товар за Интер.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Меѓутоа, Интер нема целосно да се ослободи. Поточно, со Бенфика се договори да измири 60% од неговата плата, додека португалскиот шампион ќе мора да ги подмири останатите 40% (милион евра).