Дома Трансфер зона Интер и Валенсија договорија спектакуларна трампа!

Интер и Валенсија договорија спектакуларна трампа!

Италијанските и шпанските медиуми потврдија дека Интер и Валенсија договориле голема трампа и само детали недостасуваат истата да биде официјализирана.

Имено, според договорот Интер ќе го добие десниот бек Жоао Кансело, а на „Местаља“ ќе го испрати Жефри Кондогбија!

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Трампата е договорена на бара за едногодишна позајмица, но двата клуба следно лето ќе имаат можност да ги откупат фудбалерите со веќе договорени суми.

„Нероаѕурите“ следното лето доколку сакаат да го откупат договорот на Кансело ќе треба на Валенсија да и платат 33 милиони евра, додека шпанскиот тим за откуп на договорот на Кондогбија ќе плати 26 милиони евра. Притоа Интер ќе има 20% од следната продажба на Французинот.

Последните детали од трампата треба да се договорат денес, по што двајцата фудбалери и официјално ќе ја променат средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…