Дома Трансфер зона Интер има план и сака до го „украде“ напаѓачот на Јувентус од кој многу се очекува

Интер има план и сака до го „украде“ напаѓачот на Јувентус од кој многу се очекува

Голема акција планира директорскиот тандем Марота – Аусилио.

Моис Кин оваа сезона блесна во Јувентус и неговите настапи не можеа да поминат незабележано, освен што доби повик од репрезентацијата го привлече вниманието и на повеќе клубови.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека иако Кин покажа потенцијал се уште не е сигурно дали ќе остане во Јувентус. Јувентус одлучува, Кин добива прилика, но прашање е дали може да се избори за место во првите 11 покрај големата конкуренција.

Поради тоа многу се зборува за неговиот договор. Јувентус веќе разговараше со агентот на Кин, Мино Раиола, меѓутоа голем напредок немало, а тоа може да биде проблем затоа што актуелниот договор на Кин важи до летото наредната година.

Токму тој детал сака да го искористи Интер и да го „украде“ овој одличен тинејџер. Римскиот весник „Кориере дело Спорт“ тврди дека директорскиот тандем Марота – Аусилио има план според кој би требало да го обезбеди потписот на Кин. Како што се наведува Интер има намера да го заврши трансферот веќе ова лето ако му се укаже прилика, а постои опција да почека до јуни 2020 година и тогаш да го добие без оштета.

Тука голема улога ќе игра Мино Раиола со кого директорите на „нероаѕурите“ веќе разговарале. Наводно Раиола е спремен да ја разгледа оваа идеја.

Интер и Раиола своевремено имаа одлични зделки и соработуваа во трансферите на Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели и Максвел, но тие останаа малку заледени во претходните години.

Кога во прашање е Кин постои и опција за директна замена каде што Марота би можел да го вклучи Мауро Икарди за кого Јувентус покажуваше интерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…