Во Интер знаат како ќе ги потрошат парите кои ги добија за Мауро Икарди.
Италијанските медиуми соопштија дека ПСЖ го откупил договорот на Икарди за 50 милиони евра, а Интер на основа на бонуси може да заработи дополнителни осум милиони евра. Француските медиуми, од друга страна, износот на бонусите го намалуваат на пет милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Интер парите од трансферот на Икарди сакаат да ги потрошат за играчот на Бреша, Сандро Тонали.
Тонали игра одлично во дресот на Бреша, го нарекуваат новиот Пирло, а наводно Интер е подготвен да понуди 40 милиони евра.
До прекинот на првенството Тонали одигра 23 натпреваи и постигна еден погодок во Серија А, а запиша и 4 асистенции.
За неговите услуги се интересира и Јувентус.