Дома Фудбал Италија Интер збесна на медиумските обвиненија: Не сме во банкрот, ова ќе има правна разврска

Интер збесна на медиумските обвиненија: Не сме во банкрот, ова ќе има правна разврска

Италијанскиот економски весник Соло ја објави анализата од долговите на Интер и ја освести јавноста дека миланскиот клуб е впрочем во грч со повисоките финансиски обврски.

Покрај клупските месечни инвестиции, Соло нагласи дека расходите и натаму се повисоки од приходите, па долгот на Интер постојано расте. Заклучно со изминатата година, италијанскиот великан на име на задолжувања има 637.500.000 евра. Дури 429.000.000 евра се однесуваат на банковни кредити и позајмици. Остатокот, односно 112.500.00 евра им припаѓаат на трансферите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер моментално е под големо сопствеништво на Сунинг, кинеското малопродажно друштво кое поседува 68.55% од клупските акции. Претседателот на Сунинг Јиндонг припаѓа на кругот најбогати Кинези. Сопственото богатство му е проценето на 5 милијарди евра. Претходно најавуваше финансиски поголем влог во Интер, но кинеските власти му го забранија тоа.

Со оглед на финансискиот извештај, Соло го постави прашањето како италијанскиот сојуз му дозволил на Интер да се натпреварува во Серија А оваа сезона.

Раководството на Интер ургентно реагираше со службено соопштение каде се обвинува Соло за ширење заблуди. Оттаму, најавија правна разврска со што ќе се заштити угледот на клубот. Исто така се истакнува дека Иннтер строго ги почитува законските и регулаторни финансиски одредби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…