Дома Топ вести Интер започнува грандиозен шопинг – на мета тандем од Париз!

Интер започнува грандиозен шопинг – на мета тандем од Париз!

Италијанскиот гигнат Интер има на располагање голем буџет и спреми список на засилувања со кои ќе се обиде да изгради конкурентен тим и да го нападне врвот на Серија А.

Кинеските сопственици, компанијата „Сунинг“ на располагање на клубот му оставија буџет од 150 милиони евра, а се очекува на „Џузепе Меаца“ ова лето да пристигнат неколку големи ѕвезди.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Спортскиот директор Сабатини моментално се наоѓа во Франција, а медиумите откриваат дека на мета е тандемот од Пари Сент Жермен.

Имено, најголема желба на „нероаѕурите“ ова лето е Анхел ди Марија, кој не е задоволен од животот во Париз и е спремен да ја промени средината. Интер е спремен да ја искористи таквата ситуација и нема да биде проблем да плати 50 милиони евра за неговиот потпис.

Покрај Ди Марија „нероаѕурите“ покажуваат интерес и да играчот за врска Адриен Рабио, па во целиот трансфер се спремни да платат кеш плус во Париз да го испратат Жоао Марио.

На средината на теренот сигурно ќе пристигне едно големо име, а најголеми желби се Раџа Наинголан или Артуро Видал.

Во нападот Интер е во потрага по напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Икарди, а медиумите во Италија пренесуваат дека може да пристигне бразилскиот напаѓач Луан од Гремио, чија цена изнесува 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Тен Хаг

Матијас Де Лихт не е задоволен во Баерн Михен и таквата ситуација сака да ја искористи Ман…