Дома Фудбал Италија Интер доби 23,4 милиони за шампионската титула

Интер доби 23,4 милиони за шампионската титула

Серија А денес ги распредели парите од ТВ правата, па шампионот Интер ќе инкасира најголема сума, односно 23,4 милиони евра, а второпласираниот четири милиони евра помалку.

Како што објавија италијанските медиуми, секој клуб во Италија од ТВ-правата за оваа сезона линеарно добија по 27,5 милиони евра, а Интер дополнително заработи 23,4 милиони за првото место.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Дополнителни 20% клубовите ќе добијат врз основа на навивачката база, а 30 проценти врз основа на постигнатите резултати (15 отсто врз основа на резултатите од тековната сезона и 15 отсто врз снова на резултатите од 1946 година до сезоната 2020/21).

Вкупно Серија А на клубовите ќе им подели 1,1 милијарди евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалер на Вест Хем доби посебна мотивација за натпреварот со Сити – бесплатно кафе до крајот на животот!

Викендов се игра последното коло во Премиер лигата, а во него со шанси за титулата влегува…