Тимот на Интер сезонава игра одлично во Италија и како што стојат работите ќе ја освои титулата во Серија А, но и покрај тоа клубот има финансиски проблеми.
Во таква ситуација повторно се појавуваа гласини дека најдоцна до летово ќе добијат нови сопственици бидејќи семејството Жанг е принудено да го продаде својот пакет акции.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес во своето издание „Република“ објави дека од Саудиска Арабија пристигнала понуда за купување на Интер. Во прашање било богато семејство од оваа земја, а не Јавниот Инвестициски фонд кој ги поседува најголемите клубови во Саудиска Арабија (Ал Хилал, Ал Итихад, Ал Хилал Ал Наср) и Њукасл.
Контактот веќе е направен и семејството Жанг ја добила првата понуда. Најавите се дека семејството мора да врати 375 милиони евра од земениот кред од американскиот инвестициски фонд „Oaktree“.