Дома Фудбал Италија Интер го следи Јувентус: Ќе го менува грбот и името!

Интер го следи Јувентус: Ќе го менува грбот и името!

Гигантот од Милан на сите им е познат како Интер, а целото име на клубот од северот на Италија е Интернационале Милано.

Меѓутоа од почетокот на март клубот ќе го носи името Интер Милан. Исто така ќе биде претставен нов грб на кој главни симболи ќе бидат буквите И и М.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Освен грбот и името клубот ќе го промени и главниот генерален спонзор, од новата сезона тоа нема да биде „Пирели“, туку најверојатно компанијата Евергранде. Интер е основан 9. март 1908 година и токму на својот 113. роденден ќе го направи овој револуционерен потег.

Сличен потег во 2017 година направи Јувентус, „старата дама“ тогаш го промени грбот и тоа во меѓувреме им донесе голема заработка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Македонија верува во чудо – фудбалерите летнаа за Копенхаген! (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Копенхаген каде што в четврток ќе се …