Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер на лето е спремен да го продаде Марсело Брозовиќ.
Хрватот оваа сезона не е во добра форма и поради повреда често е надвор од терените. Тренерот Инзаги на неговата позиција го стави Чалханоглу, кој одлично го замени Брозовиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватот е еден од најплатените фудбалери во тимот, има договор до 2026 година, па Интер е спремен да го продаде на лето.
„Калчомеркато“ пренесува дека прв избор за негова замена е Емре Чан од Борусија Дортмунд.
29-годишниот Германец влегува во последната година од договорот и Интер се надева дека може да го доведе за 15 милиони евра.