Интер ја доби битката со најголемиот ривал Јувентус и се пласираше во финалето од италијанскиот Куп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После ремито во Торино, „нероаѕурите“ успеаа да слават со минимални 1:0, што беше доволно за пласман во финале.
Херој за „нероаѕурите“ беше Ди Марко, кој на самиот почеток погоди за водство, што на крајот се покажа како конечен резултат.
Јувентус во второто полувреме се обидуваше да израмни, но не успеа да создаде посериозна шанса, а Интер главно се закануваше преку контранапади.