Според информациите на каталонскиот „Спорт“ Миралем Пјаниќ сигурно ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок.
Пјаниќ сака да се врати во Јувентус и „бјанконерите“ важеа како фаворити за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пјаниќ прифатил 20% намалување на платата за да се врати во Торино, но Јувентус треба прво да се ослободи од Рамзи.
Таквата ситуација сака да ја искористи Интер и веќе стапил во контакт со неговиот агент, па сака да го „украде“ пред носот на големиот ривал.
Барселона е спремна да го даде Босанецот на двегодишна позајмица за да се ослободи од неговата висока плата.
Пјаниќ уште неколку дена ќе го чека Јувентус, а потоа ќе му каже ДА на Интер.
💣 #Juventus, sorpasso dell'#Inter per #Pjanic. Bianconeri bloccati da #Ramsey https://t.co/dYqbrdJSSF
— calciomercato.it (@calciomercatoit) August 18, 2021