Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер ја победил конкуренцијата и постигнал договор со Каљари за трансфер на големиот талент, Николо Барела.
21-годишниот Барела важи за еден од најголемите таленти на Апенините и за него силен интерес покажаа многу европски гиганти.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Челзи за Италијанецот понуди 40 милиони евра, но Каљари не сакаше да се раздели со својот најдобар играч во зимскиот преоден рок.
„Калчомеркато“ пренесува дека Интер постигнал договор за трансфер на Барела на крајот на сезоната. Двата клува се договориле за сума од 40 милиони евра плус 10 милиони во име на бонуси.
Со тоа „нероаѕурите“ ја победија конкуренцијата и го обезбедија потписот на еден од најголемите италијански таленти.
#BARELLA–#INTER, CI SIAMO! L'incontro e le cifre: ecco la verità [@AleDigio89] https://t.co/t50ZKVxPMu pic.twitter.com/ZbdKxTYfmp
— calciomercato.com (@cmdotcom) January 18, 2019