Лаутаро Мартинез е најголема трансфер желба на Барселона, но Интер е спремен на се за да го задржи аргентинскиот напаѓач.
Мартинес е посочен како идеален наследник на Луис Суарез, кој е на излезна врата од Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонците веќе подолго време се во преговори со неговиот агент, но Интер е спремен да му понуди нов договор на Аргентинецот.
Хавиер Занети потврди дека Интер влегува во преговори за нов договор на Лаутаро, со нови, подобри услови и со траење од 2025 година.
„Нероаѕурите“ се спремни да му понудат двојно повисока плата и да ја ревидираат откупната клаузула која во моментов изнесува 111 милиони евра.