Дома Топ вести Интер ги руши сите клупски рекорди: Спреми „луда“ понуда за Белоти!

Интер ги руши сите клупски рекорди: Спреми „луда“ понуда за Белоти!

Новите сопственици на Интер ова лето се спремни да потрошат значителна сума на пари, за на Лучијано Спалети да му дадат на располагање тим кој ќе се бори за самиот врв.

„Нероаѕурите“ ова лето сакаат да ги засилат сите линии на тимот, последно во низата имиња кои се поврзуваат со Интер е ѕвездата на Торино, Андреа Белоти.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Белоти одигра сезона од соништата, постигна 26 гола во Серија А и го привлече вниманието на многу европски клубови, но во договорот има клаузула од 100 милиони евра.

Италијанските медиуми денес ласнираа вистинска „бомба“ и тврдат дека раководството на Интер за Белоти понудило 70 милиони евра, како и тројца свои фудбалер, меѓу кои Давиде Сантон и Андреа Ранокиа.

Претседателот на Торино наводно ја одбил оваа понуда и им порачал на „нероаѕурите“ дека воопшто не сака да преговара за продажба на Белоти, освен ако некој клуб не ја активира откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.

Сепак, Интер покажува сериозен интерес за „Петелот“ и нема да се откаже од него, па наскоро се очекува нова офанзива на „нероаѕурите“ за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

После 13 години си заминува креаторот на најголемите успеси на Сити

Чики Бегиристаин, спортскиот директор на Манчестер Сити кој е архитект на сите најголеми у…