Дома Топ вести Интер во јануари тргнува по Хамес Родригез

Интер во јануари тргнува по Хамес Родригез

Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Интер покажува сериозен интерес за ѕвездата на Реал Мадрид, Хамес Родригез.

Колумбиециот ова лето се врати во Реал, но поради повредите и големата конкуренција добива мала минутажа и е надвор од посакуваната форма.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, за него интерес покажуваат неколку европски гиганти, а Интер наводно е најсериозен кандидат за неговиот потпис.

„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со неговиот менаџер за да дознаат дали Хамес е спремен да се пресели во Милано. Наскоро ќе испратат и понуда до Реал Мадрид за да ја победат конкуренцијата.

„Кралевите“ за слободата на Хамес бараат помеѓу 40 и 50 милиони евра, додека Интер сака да го донесе играчот на позајмица во јануари со задолжителен откуп следното лето.

Интер игра одлично оваа сезона, а Конте смета дека Хамес може многу да му помогне на тимот во трката за титулата во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…