Баерн Минхен во финишот на неодамна завршениот преоден рок можел да го доведе Кристијан Ериксен во размена за Жером Боатенг.
Во последниот ден од преодниот рок Баерн доведе четири играчи, Ериксен можел да биде петти но Баварците тоа го одбиле. Интер во зимскиот преоден рок го доведе Ериксен за сума од 27 милиони евра бидејќи на Денцот му истекуваше договорот со Тотенхем. Во тој момент Ериксен беше еден од најценетите играчи во Европа на својата позиција и реалната вредност му беше барем три пати поголема од она што го плати Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Ериксен не успеа да се вклопи во специфичниот систем на Конте (3-5-2). Данецот вкупно одигра 29 натпревари постигна четири гола и намести три, но не е оној Ериксен од Тотенхем. Се шпекулираше и дека Интер го понудил Ериксен назад на Тотенхем во замена за Ндомбеле меѓутоа и Тотенхем како и Баерн одбил.
Баерн бараше играч кој би можел да биде замена за Милер, па Интер го понуди Ериксен меѓутоа високите примања на Данецот биле пречка да се пресели во Минхен. Иако Боатенг е четири години постар од Ериксен Ханс Флик побарал тој да остане затоа што за него Ериксен не бил играчот кој му е потребен.