Раководството на Интер е во интензивни преговори со Тотенхем за трансфер на дефанзивецот, Милан Скриниар.
Конте даде „зелено светло“ за продажба на Скриниар, бидејќи не се вклупува во неговата формација, па се чини дека трансферот може да се реализира за сума од 50 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нероаѕурите“ се во потрага по негова замена, а најновото име е дефанзивецот на Шалке, Озан Кабак.
Турскиот репрезентативец важи за еден од најперспективните во Европа, има само 20 години, а минатото лето се пресели во Шалке за сума од 15 милиони евра.
Оваа сезона одигра 29 меча и постигна 3 гола, а Шалке за неговата слобода бара 25 милиони евра.
Прва желба на Интер беше Никола Миленковиќ, но Фиорентина не сака да го пушти Србинот за сума помала од 40 милиони евра.
Di Marzio: #Inter are interested in Ozan #Kabak as a replacement if #Skriniar leaves the club. Schalke want €40m. pic.twitter.com/Fvbfr9nK3z
— ENJOY INTER (@EnjoyInter) September 24, 2020