Дома Фудбал Италија Интеристите му се поклонија на Кјаер, Милан го наградува

Интеристите му се поклонија на Кјаер, Милан го наградува

Капитенот на Данска, Симон Кјаер со храбрата и одлучна реакција му го спаси животот на Кристиан Ериксен.

Кјаер го воодушеви фудбалскиот свет, а со тој гест ги обедини и лутите градски ривали Интер и Милан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Навивачите на Интер му оддадоа почест на Кјаер за неговата пожртвуваност и хуманост, па денес ставија голем транспарент во центарот на Милан.

„Кјаер, голем човек и вистински капитен“, напишаа „нероаѕурите“ за нивниот ривал.

И неговиот Милан ќе го награди Кјаер за неговиот гест, а „Газета дело Спорт“ тврди дека тој ќе биде нов капитен на „росонерите“. Данецот треба да го наследни Ромањоли, кој е на излезна врата.

Ова не е случајно, тренерот Пиоли и раководството веќе подолго време размислуваат да му ја дадат капитенската трака на Кјаер бидејќи е вистински лидер на теренот и во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лукас Пакета размислува за тужба против Фудбалската асоцијација на Англија!

Фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета, ги разгледува можностите за покренување тужба против…