
Aктуелниот шампион на Шпанија, Европа и светот, Реал Мадрид е во навистина голема криза.
Реал е се подалеку од одбрана на титулата во Примера каде што на последниот натпревар ремизираа против Селта со 2:2 и повеќе никој не верува дека „кралевите“ можат да ја надополнат огромната предност на Барселона која изнесува дури 16 бодови.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Не само првата позиција, Реал е далеку и од втората позиција на која градскиот ривал има седум бодови повеќе, додека Валенсија на третата позиција има пет бодови повеќе во однос на „кралевите“.
Да, Реал има натпревар помалку, но и во случај на победа ќе остане на четвртата позиција, а Барслеона повторно би била на огромни 13 бодови предност.
Интересно е што Реал на Бенитез после 17 кола освои 36 бодови и постигна 45 погодоци, а овој Реал после 17 натпревари има четири бода помалку и постигна дури 13 погодоци помалку, а се сеќаваме колку Бенитез беше омаловажуван и критикуван најмногу со зборовите дека тој не достоен да води тим каков што е Реал Мадрид.
Покрај тоа кога Бенитез заработи отказ Реал се наоѓаше на третета позиција со само четири бодови помалку од лидерот Атлетико и два помалку од Барселона.