Дома Фудбал Лига на шампиони Инстинкт на гениј: Овој детал најдобро ја покажува разликата помеѓу Меси и Роналдо

Инстинкт на гениј: Овој детал најдобро ја покажува разликата помеѓу Меси и Роналдо

Барселона синоќа гостуваше во Лисабон во римките на Лигата на шампиони и запиша тешка победа против Спортинг.

Одлучувачки беше автоголот на Коатес во 49-та минута. Луис Суарез шутираше со глава, а домашниот стопер ја испрати топката во сопствената мрежа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Барса не одигра натпревар за паметење, но сигурно ќе се памети еден потег на Лео Меси кој уште еднаш ја покажува целата генијалност на Аргентинецот.

Се играше 59-та минута кога Меси падна после еден дуел со противнички играч. Иако беше јасно дека е фаулиран Меси не го направи тоа што би го направиле повеќето фудбалери, односно не бараше прекршок од судијата.

Меси иако беше на земја не ја загуби топката туку направи генијален потрег, се ослободи од својот чувар и ја продолжи акцијата

Претходно во првото полувреме Меси имаше еден фантастичен слалом преку половина терен, но за жал неговите соиграчи не успеаа да ја испратат акцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Аморим може изненадувачки да го напушти Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Рубен Аморим може да добие целосно неочекувана шанса да го…