Според последните информации на медиумите во Шпанија, инспектори ја истражувале документацијата на Барселона во веќе добро познатиот слуачј „Негреира“ и процениле дека Каталонците треба да бидат исфрлени од Лигата на шампионите.
УЕФА во март месец отвори истрага против Барселона поради исплатени милионски суми на сметката на тогашниот потпретседател на судиската комисија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Инспекторите продолжиле со истрагата на документацијата и подготвиле извештај до УЕФА. Наводно, одлуката дали Барселона треба да биде исфрлена ќе ја донесе првиот човек на Европската фудбалска федерација Александар Чеферин.
Сега останува да се види каков потег ќе биде повлече УЕФА и дали Барселона ќе биде санкционирана со исфрлање од европските натпреварувања.