Јувентус е најтрофејниот италијански клуб. Има најмногу навивачи на Апенините, важи за најмоќен фудбалски колектив на „чизмата“, но од една работа се плашат сите навивачи на Јувентус – финалиња!
„Старата дама“ како да е алергична кога ќе им се спомене завршницата на најквалитетното натпреварување во Европа, е баш „сол“ на оваа рана им дотури Лоренцо Инсиње. После големата победа над Јувентус во Торино трката за титулата шампион на Италија е повторно на големо отворена, а Инсиње ја искористи приликата да го „боцне“ лутиот ривал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчите на Јувентус ветуваа дека во натпреварот ќе влезат како тој да е финале од Лигата на шампионите. Новинарот го запраша Инсиње дали „бјанконерите“ навистина играле така, Наполитанецот кратко одговори:
„Па тие се навикнати да губат финалиња“.
Јувентус во последните 20 години изгуби дури пет финалиња во Лигата на шампионите! Претходно изгубија две финалња во Купот на европските шампиони. Тоа значи дека имаат вкупно седум порази во натпреварите за европскиот трон. Само два пати победуваа и ја освојуваа европската круна што е навистина премалку за клуб од таков ранг.