Бразилецот Нејмар импресионира во редовите на ПСЖ, но и покрај тоа медиумите често шпекулираат за можноста да ја напушти Франција.
Наводно, извесно е враќање во Шпанија, но не во редовите на Барселона, туку во лутиот ривал Реал од Мадрид, кој оваа сезона не е на посакуваното ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ и плати на Барса неверојатни 222 милиони евра, но во Франција нема некоја голема мотивација, со оглед на тоа дека неговиот тим скоро веќе ја осигура титулата.
Во Барселона не зборувале за евентуално враќање на Нејмар, а се огласи Иниеста кој моментално настапува во Јапонија.
„Тоа нема да ме повреди. Таквите работи се случуваат. Јасно е дека Реал би се засилил со квалитетен фудбалер како што е Нејмар. Сигурно нема да му биде едноставно да се врати во Барселона, која ја гледам како главен кандидат за сите трофеи.“ – изјави легендарниот фудбалер на Каталонците.