Ветеранот од редовите на Барселона, Андрес Иниеста го советувал Фелипе Кутињо да се пресели на „Ноу Камп“ веќе оваа зима, а потврди и дека Барса направила одличен потег со доведувањето на Јери Мина.
23 годишниот дефанзивец Барса го доведе во август после тешкиот пораз од Реал Мадрид во Суперкупот, но договорено беше да остане во Бразил до зима, а од првиот ден во новата година да се пресели во Каталонија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кутињо сеуште не е блиску до тој статус, Барса долго време се обидува да го убеди Ливерпул, но Клоп не сака да го пушти својот најдобар фудбалер. Сепак, Германецот има се помалку трпение со бразилската ѕвезда и би можело да се случи веќе во јануари да го продаде, за „црвените“ да имаат шест месеци за воигрување на неговиот наследник.
Андрес Иниеста смета дека овие двајца се сосема доволно за остварување на амбициите на Барселона.
„Фудбалерите на Барселона мораат да бидат спремни да го поднесат притисокот, а Кутињо и Мина се токму такви карактери. Мислам дека би биле од голема корист на овој тим“, изјави Иниеста.