Поразот од Рома во четртфиналето на ЛШ тешко му падна на легендарниот играч на Барселона, Андрес Иниеста.
Искусниот играч од средниот ред после натпреварот истакна дека овој пораз му паднал тешко и дека сите се разочарани, по што најави заминување од клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова е болен пораз и не очекувавме дека ќе ја испуштиме предноста која ја имавме. Големо разочарување за нас бидејќи се надевавме дека ќе ја освоиме ЛШ. Нашите надежи се уништени. Знаеја како да не нападнат, а ние немавме вистинско решение за тие напади.“ – изјави Иниеста, кој потврди дека ова веројатно му е последниот натпревар во ЛШ.
„Веројатно ова е мојот последен натпревар. Сепак, сега не е вистинско време за таква објава. На сите од нас ни е тешко, но до крајот ќе се бориме за трофеи за кои имаме сеуште шанси да ги освоиме.“
Барса до крајот на сезоната ќе се бори за трофејот првак на Шпанија и за Кралскиот куп.