Дома Фудбал Италија Инзаги: Ибрахимовиќ не дојде во Милан по пари и слава

Инзаги: Ибрахимовиќ не дојде во Милан по пари и слава

Златан Ибрахимовиќ по завршувањето на авантурата во САД се врати во Европа и потпиша за Милан.

Ибрахимовиќ е на залезот од кариерата, но уште на стартот во неговиот втор мандат покажа дека се уште може да игра фудбал на високо ниво. Навивачите на Милан во Ибрахимовиќ гледаат како на човек кој како лидер може да ги извлече од кризата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Еден од оние кои веруваат дека Ибрахимовиќ може да ги промени работите во Милан е легендарниот напаѓач, Филипо Инзаги.

„Милан со Ибрахимовиќ заврши добра работа, играв со него и навистина го почитувам. Него не му се потребни пари или слава, тоој се врати во Милан затоа што верува дека може да остави трага. Мислам дека тоа и го покажа во првите натпревари“, изјави Инзаги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Хојлунд се враќа на Апенините – познат е неговиот следен клуб!?

Цело е јасно на сите дека Милан мора да бара центарфор, играч што ќе биде сигурен пред про…